– Се што стои по меѓународното право ќе преземемe и не се откажуваме. Ако бараат дополнителни документи, дополнителни докази ќе им доставиме. Гарантиме правично судење, сепак се работи за наш граѓанин овде кој е на почеток на постапката со негово присуство би се водела. Очекувам двете наши исклучително пријателски земји да тоа го потврдуваат на секое поле, дури и на вака сензитивни полиња. Ние сме секогаш на располагање. Верувам дека и Република Косово ќе биде на располагање и ќе го испочитува меѓународното право и билатералните договори кои што ги имаме постигнато, рече премиерот Заев на новинарско прашање во ТИРЗ Тетово каде присуствуваше на поставување камен темелник на нова фабрика.
На прашање од новинарите зошто нема исплата на штети за случајот Сопот, Заев истакна дека има судски спогодби и најверојатно станува збор за случај каде се уште се преговара.