Претседателот на Владата Христијан Мицкоски ќе изврши увид на градежни активности на проектот изградба на детска градинка во населено место Инџиково, во Општина Гази Баба.

Како што соопшти владината прес-служба, вкупна вредност на проектот е 47.508.811 денари. Тие се обезбедени од страна на Министерство за социјална политика, демографија и млади.

Целиот објект е на површина од 490 метри квадратни, приземјен објект со висина од три метри. Во овој објект ќе бидат згрижени 36 деца над 2 години и 12 деца до 2 години, стои во соопштението.

Предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски.