Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе ја Општина Јегуновце.

Тој, во рамки на посетата, ќе изврши увид во градежни активности на градинка во населено место Вратница.

Како што најави владината прес-служба, премиерот Мицкоски ќе ја посети фудбалска академија во Јегуновце, каде е извршена темелна реконструкција на фудбалскиот стадион со отворање на фудбалска академија за млади.

Мицкоски ќе изврши и увид во градежни активности на новиот современ парк во населено место Сиричино, каде што ќе биде дадена изјава за медиум.