Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе престојува во работна посета на Штип.

Како што соопшти владината прес-служба, Мицкоски ќе присуствува на проширување на производните капацитети на метални конструкции и делови на конструкции на Друштво за градежништво, инженеринг и трговија „АКТИВА“ ДОО Штип.

По настанот предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски.