Во периодот од 2011-та до 2015-та година претходната Влада засади вкупно 15.754.280 садници на зимзелени и листопадни дрвја, со што е пошумена површина од 5.010 хектари низ цела Македонија, вели екс министерот за земјоделство Љупчо Димовски.

-Денешнава неодговорна и неспособна власт само за 10 дена опожари и уништи шума на површина од над 10.000 хектари. Само како потсетување за сите, особено за оние со селективно памтење, напиша тој на својот Фејсбук профил.