При претрес во домот на лицето О.И. (20) од струмичкото село Свидовица, полицијата пронашла марихуана и гранки од растението Cannabis, соопштија денеска од МВР.
Од страна на СВР Струмица по целосно документирање на случајот до надлежното Јавно обвинителство ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Претресот е извршен денеска од страна на полициски службеници од СВР Струмица- НК за КР-ЕНТ во координација со Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи врз основа на наредба за претрес на дом и други простории издадена од судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.