Тој беше сместен во Воената болница во Прага, потврди неговиот портпарол Јитка Зинка.

– Пред околу еден час, претседателот на Чешка беше сместен во болница – објави Зинке без да даде повеќе детали.

Локалните медиуми јавуваат дека Земан пристигнал во болницата околу 11 часот по локално време, придружуван од неговата сопруга Ивана. Според нив, се очекува Земан да остане во болница подолго.

Од друга страна, неговиот советник Мартин Неџедли вели дека тоа се редовни прегледи.

– Слушнав како со шефот на кабинетот договора за датум за редовни прегледи – изјави советникот за чешките медиуми.

Земан во последно време има потешкотии да оди поради неговата болест, поради што често го гледаат во инвалидска количка. Тој неколкупати беше во воена болница во последните години.

Минатата година тој имаше интервенција на раката, која ја скрши кога падна.
Медиумите, исто така, потсетуваат дека откако ја прими вакцината против коронавирусот, превентивно помина два дена во болница, со цел да ја контролира неговата состојба.