Според нутриционистката, ова се петте најздрави видови конзервирана храна…

Праските се одлични како додаток на јогурт или овошни салати, а исто така, може да се користат како замена за шеќерни сирупи на палачинки или во сладолед. Препорачливо е да се користат праски од конзерва, или ананас или портокали, кои се потопени во сопствениот сок, меѓу другото, и за помал внос на шеќер.

Конзервираниот црн грав има повеќе од два грама протеини во една чаша, односно 7,5 грама протеини по оброк.

Доматите, обично, се гмечат и конзервираат веднаш по берењето, па затоа се одлични за супа или сосови за тестенини. Конзервираните домати содржат разни хранливи материи што се наоѓаат и во свежите домати, како што се витамин Ц и ликопен. Изберете конзерва што вели „без додадена сол“.

Може да чувате и тиква во конзерва, и тоа подолго време. Пирето од тиква е богато со витамини А и Ц и влакна, и е одлична замена за путер при печење.

Свежиот лосос, иако е вкусен, обично е скап и брзо се расипува. Конзервираниот лосос не само што трае подолго, туку и ги има истите нутритивни придобивки (на пр. витамините Д и Б-12), како и свежиот лосос.