Скопјанецот С.З. (41) кој времено живеел во Гостивар, е осомничен дека продавал марихуана. Во неговото пребивалиште, полицијата вчера попладне најде поголема количина наркотична дрога.
Од СВР Тетово информирааа дека вчера (18 август) околу 14.30 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода С.З.(41) од Скопје. При претрес на станот во кој времено престојувал, му биле пронајдени и одземени околу два и пол килограми марихуана. Против четириесет и едногодишниот скопјанец е изготвена соодветна пријава за “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.
Осомничениот С.З. претходно веќе имал кривична пријава од СВР Тетово/ОВР Гостивар за дело поврзано со недозволена трговија со дрога според член 215 од КЗ.