Приватните превозници од утре, 24-ти Мај се враќаат на работа и ќе се вклучат во јавниот превоз, откако потпишаа договор со новиот директор на ЈСП, Крсте Петковски, објави Телма ТВ.
Вкупно, 105 модерни приватни автобуси кои ги исполнуваат еколошките стандарди, согласно јавниот повик, ќе сообраќаат на скопските улици.
Тие ќе ги опслужуваат линиите: 23, 45, 61, 63, 73, 9, 11, 11A, 12, 47A, 55, 19, 20, 22, 52 и 54.
„ Со новиот начин на работа и стандардизацијата во јавниот превоз, граѓаните ќе добиваат квалитетна и навремена услуга, а буџетите на Град Скопје и ЈСП Скопје ќе бидат заштитени од злоупотребите и самоволието кое во минатото било пракса“ – соопшти ЈСП.