Полициски службеници ја лишиле од слобода 73-годишната неготинка В.А. синоќа во 18:40 часот. Таа се сомничи дека во сопствената куќа во Неготино, предизвикала пожар, информираа попладнево од Секторот за внатрешни работи – Велес.

-Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица – Неготино, а повредени лица нема. В.А била задржана во полициска станица, известен бил јавен обвинител, увид извршила увидна екипа од ОВР – Неготино и по документирање на настанот, против В.А. ќе биде поднесена соодветна пријава, потенцираа од СВР – Велес.