Полициски службеници од СВР Скопје привеле триесет и деветгодишна скопјанка која била во тешка алкохолизирана состојба. Инцидентот се случил ноќеска при редовно извршување на службени дејствија.

На 28.11.2026 во 04:00 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја привеле Д.П.(39) од Скопје, затоа што агресивно се однесувала кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

При преземање мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,88 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.