Полициски службеници  од СВР Куманово вчера го лишиле од слобода Р.З.(27) од селото Слупчане, липковско, бидејќи се обидел да подигне брз кредит со податоци од лична карта на друго лице.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, тој бил приведен во полициска станица Куманово и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.