– Може долго да се чека долго бидејќи лабораториите во некои општини и региони се преоптоварени, соопшти австриската Комора на аптекарите.
Најпогодена е покраината Салцбург, каде аптеките привремено го суспендираа ПЦР тестирањето. Исто така долго се чека на резултатите во покраините Форарлберг и Тирол.
Најмногу се погодени невакцинираните лица, на кои тестовите им се потребни за на работа. Во Австрија се применува 3Г правилото односно граѓаните за да одат на работа треба да имаат сертификат за вакцинација, потврда за прележан Ковид-19 или негативен тест.