Град Скопје повторно ја игнорира Општина Аеродром. Најбројната скопска општина одново е полна со отпад, а во реакција упатена до медиумите Општината пишува дека залудни се ургенциите, апелите и писмените барања до градските власти.

Од Општината велат дека досега десетина пати апелирале и имале ургенции до Град Скопје.

Аеродром повторно е пренатрупан со отпад. За жал, главните улици и контејнери кои се во надлежност на Градот Скопје повторно се неисчистени и во лоша состојба, пишува од Општина Аеродром.

Тие додаваат дека аеродромци издвојуваат средства за Комунална Хигиена Скопје и дека хигиената е нивно загарантирано право.

Жителите на Аеродром издвојуваат финансиски средства за оваа намена, градската администрација и градското комунално претпријатие и понатаму продолжуваат неодговорно кон јавната хигиената во општината, соопшува Општина Аеродром.

Ова е не првпат Град Скопје да ги игнорира проблемите во Општина Аеродром. Да се потсетиме, претходно Муцунски заедно со градоначалникот на Кисела Вода го истури отпадот пред Дрисла.

(ВИДЕО) Муцунски и Ѓорѓиевски го истурија ѓубрето пред Дрисла: И покрај тоа што градот е затрупан во отпад, не дозволува фрлање во депонија

Останува да видиме дали Град Скопје ќе си ја исполни својата законска должност.