Во Киев и во други делови на Украина утрово продолжуваат воздушните напад, пренесуваат украинските медиуми.
Сирените за воздушен напад се огласија во Киев, а нови напади има во Запорожје. Oва се случува еден ден откако Киев беше неколкупати гранатиран а претседателот Зеленски повторно ја нагласи волјата на неговата земја да се спротивстави.
-Украина не може да биде заплашена. Наместо тоа, ние сме уште пообединети. Украина не може да биде запрена. Уште поубедени сме дека терористите мора да бидат неутрализирани. Руската армија намерно ги изврши овие напади за време на утринските часови. Ова е типичен терористички напад.изјави – Володимир Зеленски – Претседател на Украина.
Во вчерашните ракетни напади загинаа 14 лица, а 97 беа ранети, соопштија службите за итни случаи, додека цел на нападите беа крстосници, паркови и туристички места. Многумина по неколку месеци, повторно се вратија во скривниците.