Притисок врз Белгија за промена на ставот
Германскиот канцелар Фридрих Мерц ненадејно го откажа планираното патување во Осло и замина директно во Брисел. Таму ќе се сретне со белгискиот премиер Барт де Вевер и со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, за да разговара за запленувањето на замрзнатите руски средства и нивно користење за поддршка на Украина. „Блумберг“ објави дека Мерц ќе се обиде да изврши силен притисок врз Белгија, која оваа недела го одби предлогот на ЕУ за активирање на средствата.
Повик за „споделување на ризиците“
Мерц претходно ги повика земјите на Унијата да ги споделат ризиците од претворањето на овие средства во заеми за Киев. Тој смета дека европската координација е клучна за стабилна финансиска поддршка на Украина.
