Сончеви периоди, но и услови за повремен дожд
Денеска во земјава ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со сончеви периоди. Во крајните западни и источни региони ќе има услови за повремен локален дожд.
Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец, со брзина која наместа ќе надминува 60 километри на час.
Минималната температура ќе се движи од 3 до 13 степени, а максималната од 13 до 23 степени Целзиусови.
Посвежо време и во Скопје
Во Скопје денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северозападен правец.
Температурата во главниот град ќе се движи од минимални 7 до максимални 20 степени Целзиусови.
Променливо облачно време ќе се задржи и во следните денови. Во вторник се очекува локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
