Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Наместа процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина), силни електрични празнења, силен ветер (со брзина и над 70 км/час) и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степени. УВ=7

Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината процесите повремено ќе бидат и во форма на краткотрајно невреме.

Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Под влијание на влажна и нестабилна маса и во недела времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина), силни електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град. Дневната температура ќе се намали за неколку степени.

И во Скопската Котлина ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, повремено и во форма на краткотрајно невреме, велат од УХМР.