Денеска се очекува променливо облачно време со повремен дожд кој локално ќе биде пороен и проследен со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а на места долж Повардарието, повремено засилен југоисточен ветер.
Минималните темератури ќе се движат во интервал од 6 до 12 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 11 до 20 степени.
Времето во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Попладне и во вечерните часови во делови од котлината дождот ќе биде пороен, со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурите ќе се движат од минимални 12 до максимални 18 степени.
Според прогнозата на УХМР, облачното и врнежливо време ќе се задржи и во текот на утрешниот ден.