Времето утре ќе биде променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во попладневните часови и во текот на ноќта, во западните делови од Македонија ќе има услови за појава на локален дожд, додека на повисоките планини ќе врне слаб снег.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура најниско ќе се спушти до минус 3 степени во Маврово, додека најтопло ќе биде во Демир Капија со дневна температура до 16 степени.

Во понеделник времето ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд.

Потоа од вторник ќе биде стабилно со променлива облачност во текот на денот, а во петок повторно ќе има услови за појава на слаб локален дожд.

Од вторник температурите ќе бидат во пораст.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.