Времето в сабота, 7 ноември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди низ целата земја. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.
Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Дневните температури ќе се движат во интервал од 1 до 18 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди, а ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Според најавите, следува период на променливо облачно време со сончеви интервали за време на викендот. Од понеделник па до средината на седмицата ќе има услови за локален дожд, додека во котлините утринските часови ќе бидат со појава на магла.
