На 07.01.2022 во 23,15 часот во Полициската станица Гевгелија, од Итната медицинска помош било пријавено дека во Гевгелија во дворот од неговиот дом бил пронајден починат Т.И.(39). Од страна на лекар констатирана била смрт без траги на насилство, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гевгелија, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.