Според него, во моментов се подготвува акција за евакуација на можните преживеани членови на екипажот.

Претходно ДПА јави дека се пронајдени предмети од исчезната подморница.

– Пронајдените предмети се шише лубрикант и уред што го штити торпедото. Се верува дека предметите пронајдени во близина на последната локација на подморницата се делови од неа, изјави воздухопловниот маршал, Хади Тјаџанто.

Претходно, Би-Би-Си соопшти дека се стравува дека подморницата, со 53 члена на екипажот, може да биде изгубена засекогаш бидејќи, според , армискиот портпарол, во подморницата имало кислород само до денеска, до 3 часот по локално време.

Подморницата „КНИ Нангала-402“ исчезна во средата, за време на воена вежба во близина на брегот на Бали, а индонезиските власти почнаа потрага во која оттогаш се вклучени најмалку шест воени бродови, хеликоптер и 400 лица.