Протечените податоци од руската агенција за статистика РОССТАТ откриваат како целосната инвазија фундаментално ги променила моделите на смртност во Русија. Овие бројки ја покажуваат високата човечка цена на војната за која Владимир Путин првично претпоставуваше дека ќе трае само неколку дена.
Новинарите добиле пристап до 11,7 милиони записи за смртни случаи. Овие податоци биле откриени по хакерски напад изведен од белоруска и украинска група.
Според евидентираните податоци, околу 116.000 војници загинале само во областа Покровск, каде што се водеше една од најкрвавите битки од почетокот на конфликтот.
Анализираните записи на РОССТАТ покажуваат дека војната постојано станувала сè посмртоносна. Драматичен врв бил достигнат во пролетта минатата година, кога руската армија губела и по 700 луѓе дневно на боиштата.
