Доколку при реализација на одлуката на Владата за спречување на ширењето на Ковид-19, се врши само визуелна проверка на потврдата за извршена имунизација од вирусот SARS-CoV-2 (по принципот „приложил или не приложил потврда), таквата активност излегува надвор од опсегот на Законот за заштита на личните податоци и следствено не би претставувала злоупотреба на личните податоци, соопшти Агенцијата за заштита на лични податоци (АЗЛП).

Законот за заштита на личните податоци, појаснуваат, се применува само во случај кога се врши обработка на личните податоци. Под обработка на лични податоци согласно Законот се смета секоја операција или збир на операции кои се извршуваат врз личните податоци, или група на лични податоци, автоматски или на друг начин, како што се: собирање, евидентирање, организирање, структурирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, увид, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, усогласување или комбинирање, ограничување, бришење или уништување.

– Ако се врши само визуелна проверка на потврдата за извршена имунизација од вирусот Sars-Cov-2 (без оглед дали е во хартиена форма или се чува на дигитален уред) и притоа не се задржуваат лични податоци при ваквата проверка, тоа не претставува „обработка на личните податоци“ и следствено, ваквата активност излегува надвор од опсегот на Законот за заштита на личните податоци, нагласуваат од Агенцијата.

– Имајќи го предвид погоре наведеното, а со оглед дека со донесената одлука од 7 август 2021 година меѓу другото се забранува влез во секаков објект, вклучително и во угостителски објекти, каде што има повеќе од 30 присутни посетители/гости/лица, за настан од секаков вид (прослава, веселба, свадба, роденден, крштевка, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културен или спортски настан), без поседување и приложување на потврда за извршена имунизација од вирусот SARS-CoV-2, најмалку прва доза на вакцина, почнувајќи од 16 август 2021 година, произлегува дека доколку при реализацијата на оваа одлука се врши само визуелна проверка на потврдата за извршена имунизација од вирусот SARS-CoV-2 (по принципот „приложил или не приложил потврда), таквата активност излегува надвор од опсегот на Законот за заштита на личните податоци и следствено не би претставувала злоупотреба на личните податоци, наведуваат од АЗЛП