Царовска истакна дека нејзиниот мандат го одбележуваат токму реформите во основното образование и таа изрази надеж дека родителите ќе ја користат оваа можност за онлајн уписи на првачиња.
Ќе биде овозможено онлајн запишување на учениците од прво одделение и се надевам дека родителите ќе ја искористат оваа можност и повеќе нема да се создаваат големи гужви во училиштата, истакна Царовска.
Покрај ова, на конференцијата за дигитализација беше истакнато и дека се дигитализирани и постапките за нострификација на дипломи и свидетелства стекнати во странство, како и онлајн можност за апликации на студентите за доделување на стипендии.