Според дописникот на МИА од Софија, тема на консултациите ќе биде доверувањето на мандатот за формирање на новата бугарска Влада. Политичките консултации ќе почнат во 9 часот утрото, а прва на разговороте ќе биде победничката партија на парламентарните избори ГЕРБ-УДФ, по која ќе следи „Има таков народ“ на Слави Трифонов, трета БСП на Корнелија Нинова и потоа Движењето за права и Слободи.

Во втората половина на денот претседателот Радев ќе ги прими претставниците на „Демократска Бугарија“ и „Стани! Излези! “.