Генератор на проблемот е оној што сака гол популизам, владејачката партија во немоќ да ги подобри работничките права кои се на најниско ниво во овие 30 години прави популистички закон за кој не се консултирала со пошироката јавност и експертите. Само еден синдикат потпаднал под притисокот и треба да се знае кој ги уништува работничките права, изјави за „Топ тема“ на Телма, Благоја Ралповски претседател на Конфедерација на слободни синдикати.
Тој истакна дека со законот за недела неработен ден ќе се злоупотребуваат и манипулираат работниците.
– Не може да се определува работно време со закон кој не третира трудово право и ги крши конвенциите на Меѓународната организација на трудот и ги намалува работничките права пропишани со закон за работни односи, истакна Ралповски.
Ралповски рече дека во градежништвото знаеме дека работат во недела, но барањето беше да не се легализира со закон кој е неуставен.
– Ние сме против да се легализира во трговијата, во моловите, не да се манипулира со работниците, рече тој.