Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, од неодамна е предмет на втора истрага на ОЈО за гонење на организиран криминал. „360 степени” објави дека причина и за новата истрага е спорен тендер во кој Рашковски купил софтвер и опрема, овојпат во вредност од 105. 000 евра, кои ниедна институција не ги користи.
Како што објави „360 степени“, случајно или не, набавката наречена „систем за биометриска идентификација” во многу нешта наликува на патент што Рашковски самиот го регистрирал уште во 2013 година, како иноватор.
На 7 мај шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал најави дека истрагата против екс владиниот Генерален секретар, Драги Рашковски, најверојатно, ќе се прошири.
Минатата недела беше објавено дека е отворена уште една истрага за друг тендер.
Спротивно на начелото за економичност, ефикасност и ефективно користење на јавните средства, за економски оператор прибавиле корист – право да учествува во постапка за јавна набавка и да склучи договор за истата на износ од 6.455.816,00 денари со вклучен 18% ДДВ”, соопшти Обвинителството.