Бројот на загинати во судирот на два брзи воза во Шпанија се искачи на најмалку 74 лица. Ова го покажуваат новите податоци што ги објави Комисијата за истрага на железнички несреќи (ЦИАФ) при шпанското Министерство за транспорт.

Во претходниот извештај на властите во автономната област Кастиља-Ла Манча, каде што се случи големата трагедија, првично се наведуваше дека животот го загубиле 69 лица.

Шпанскиот монарх побара итно преземање на сите неопходни чекори со цел да се спречи повторување на ваков трагичен настан во иднина.

„Истрагата мора да утврди како и зошто се случила оваа несреќа. Исто така, ќе треба да се разгледаат мерките што треба да се преземат за таа да не се повтори“, изјави кралот Фелипе Шести.

Ваквата реакција на кралот Фелипе Шести следуваше веднаш по посетата на болницата во Толедо, каде што моментно се згрижени и се лекуваат повредените патници од железничката несреќа.