Речиси 78 проценти од студентите се запишани на државните универзитети
Студиите од областа на здравството и социјалната заштита се најбарани меѓу студентите во академската 2025/2026 година. Според податоците на Државниот завод за статистика, токму оваа област ја избрале 14.088 студенти, што е најголем број во однос на сите останати студиски програми.
Статистиката покажува дека 77,8 проценти од студентите се запишале на државните високообразовни установи, додека 22,2 проценти студираат на приватни високообразовни установи.
Во прва година од студиите годинава се запишале вкупно 16.212 студенти, што претставува 29,5 проценти од вкупниот број запишани. Во оваа бројка се вклучени и студентите кои прва година ја запишуваат по втор, трет или повеќепати.
Од нив, 14.995 студенти првпат се запишале во прва година на студии.

