Сончево и посвежо време низ земјава, од понеделник можен пороен дожд и грмежи
Денеска низ земјава ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а на повеќе места ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој повремено ќе достигнува брзина до 60 километри на час.
Минималната температура ќе се движи од 13 до 22 степени, додека максималната дневна температура ќе биде меѓу 26 и 34 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 19 степени, а дневната ќе достигне до 32 степени.
Од понеделник попладневна нестабилност
Стабилното време ќе продолжи и утре, кога ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој повремено ќе има удари до 60 километри на час.
Од понеделник, како и во деновите што следуваат, ќе преовладува сончево време, но во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи.
