Едно лице е во бегство, полицијата продолжува со потрага

Рано утрово, полициските служби во Скопје спречија разбојништво во маркет на улицата „Џон Кенеди“ на територија на Чаир. Две лица, А.Х. (23) и Е.А. (19), беа лишени од слобода откако насилно влегле во објектот и се обиделе да извршат разбојнички напад.

Во 04:52 часот во СВР Скопје било пријавено дека три машки лица насилно упаѓаат во маркетот. Веднаш биле испратени екипи од Единицата за интервентна полиција и ПС Бит Пазар. Осомничените забележале полициски службеници и се дале во бегство, при што еден полицаец испукал предупредувачки истрел во воздух.

По преземените мерки, приведени се двајца од напаѓачите, додека за третото лице се преземаат активности за пронаоѓање. Надлежните информираат дека по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.