Оттаму велат дека поради економските политики на СДСМ над 60.000 граѓани ги изгубија своите работни места, а партијата не презела соодветни мерки за да се заштитат работните места на граѓаните.
Според ВМРО-ДПМНЕ над 6.200 фирми се затворија, а над 500.000 граѓани преживуваат дневно со едвај стотина денари, а според најавите на НБРМ Македонија има зголемена инфлација, тоа значи зголемување на цените на производите, покачување на цените на енергенсите.
-И во период кога бизнис секторот е оптоварен со катастрофални економски политики, во период кога граѓаните живеат се потешко и потешко, СДСМ најавува зголемување на даноците, велат од партијата.
За жал, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, трендот на антипазарна и антиделовна политика на оваа Влада продолжува.
-Граѓаните откако СДСМ е на власт не можат да видат ниту една реализирана крупна капитална инвестиција, додека севкупната реализација на капитални инвестиции е на рекордно ниско ниво, се вели во реакцијата.
Од партијата потенцираат дека Заев и СДСМ најавуваа економски бум, но граѓаните добија сиромаштија и презадолженост на државата.
-Долгот на државата во овие четири години порасна за 2 милијарди и 800 милиони евра, или на 63% од БДП, а инфлацијата за оваа година, од предвидените 1,5 на НБРМ се зголеми на 3%.
И додека блиските до Заев енормно се богатат, на сметка на тоа граѓаните секој ден стануваат се посиромашни, потенцираат од партијата.