СДСМ неодамна го заврши процесот на реевиденција и активна регистрација на членството при што, како што информираа, се ажурирале повеќе од 80.000 членови. На 10 март, генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски се пофали со бројката.

Само 10 дена подоцна, на 20 март, Николоски во пресрет на внатрепартиските избори, вели дека ќе гласаат 68.999 членови.

Оттука се поставува прашањето: Зошто близу 20 % од ажурираното членство на СДСМ не гласа на денешните избори за ЕДИНСТВЕНИОТ кандидат за претседател на партијата- актуелниот Зоран Заев, иако како што информираа од партијата, право на глас имаат сите активно регистрирани членови, пишува Курир.

Сега е јасно зошто СДСМ вчера масовно го повикуваше членството преку СМС да излезе денеска на гласање. Но наместо само до нивните членови, праќаа пораки до кого стигнат.

Граѓани, кои не се партиски членови на СДСМ добиле вакви пораки, а по некоја СМС стигнала и до членови на ВМРО-ДПМНЕ.

Во ек на пандемијата, кога црните бројки вртоглаво растат, СДСМ спроведува избори во 80 општински организации, на вкупно 237 избирачки места, кои се отворени од 8 утрово, а ќе се затворат во 19 часот.