Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, регистрираше земјотрес попладнето на 71 километар источно од Скопје, со потекло од епицентралното подрачје Свети Николе – Штип .
Според достапните податоци достапни на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот се случил во 16 часот и 21 минути со локална магнитуда ML2,5 и интензитет од III степен според Европската макросеизмичка скала, а бил почувствуван од штипско население и животна средина.