Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе одлучува за новите цени на горивата.
Согласно последната одлука на РКЕ, за еден денар се зголемија цените не бензините и Екстра лесното масло
за домаќинство, додека дизелот поскапе за половина денар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,722 ден/кг и сега ќе изнесува 41,988 ден/кг.
Ова се актуелните цени на горивата:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 84,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 78,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 78,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 41,988 (денари/килограм).