Регулаторната комисија за енергетика утре ќе одлучува за цените на нафтените деривати.
Согласно последната одлука на РКЕ цените на дизелот и екстра лесното масло за домаќинство се намалија за 1,50 денари.
За еден денар поскапе бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, а за 1,5 денари се зголеми цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98.
Ова се актуелните цени на горивата:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 90,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 76,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 44,554 (денари/килограм)