пишува: ФРОСИНА РЕМЕНСКИ
ЏАДИН ОД ЧАИР ДА МУ СЕ ИЗВИНИ НА СЕДАТ ВО АФРИКА И НА FUCKING “СИСТЕМОТ ЗА ЧИПИРАЊЕ”
Да се јави Седат Пекер од Средна Африка 24 часа по случајот со кражбата на идентитит за негов пасош, да пренесат сите медиуми, а да не се отворат клучните аспекти на овој криминал со меѓународни безбедносно-политички димензии ЗА ДРЖАВАТА, возможно е само кај нас.
📣 Не, не … Мислам дека, сите организирано треба да му се извиниме на Пекер, пардон на Џадин Амедовски што „организирано и институционално како држава му го нарушуваме неговиот углед“ и да му понудиме бесплатна правна помош да не’ тужи за клевета и навреда❗
📣 Да, да … До таму е иронијата и забеганоста на ФОКУСОТ кој никако ДА УБОДЕ ОКО за тоа во каква fucking каша влезе оваа напатена земја со оваа беља на тој пат кон ЕУ❗
Но, да се вратам на одговорите на неколкуте клучни/стручни прашања кои ќе ги лоцира и скриените ОДГОВОРНИ и ќе биде патоказ за реформата која доцни од пред Павле Трајанов до денес.
Искрено се надевав дека, со ваква најава денес на прес-конференција ќе излезе министерот Оливер Спасовски и „ќе спаси колико се спасит може“ по оваа СИСТЕМСКА ХАВАРИЈА.
Ќе почекаме.
🚩❎ Зошто во нашите управни служби можат да извадат пасош белосветски криминалици❓
Ако денес на некој од шалтерите во управните служби во МВР или низ некоја пишана процедура се појави лице барано по национална или меѓународна потерница на пример, Горан Грујовски со трите идентитети (како Христо Атанасов или како Владимир Варелов), „системот“ во кој нема систем и полициски сенс ќе го внесат во процедура за добивање на патна исправа.
🚫 За да не се случи тоа (можеби не за ова звучно име, но за друг сигурно), потребна е повеќекратна системска и евиденциска проверка (10 дена минимум) за да може документот што се бара (пасош, лична карта), да влезе во фаза на ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА, односно изработка❗
Главниот проблем зошто ова може да му се случува на „системот“ дома е:
1️⃣ Прво, фактот што СИСТЕМОТ ЗА ПОТРАГИ И РАСПИСИ во МВР НЕ Е ПОВРЗАН со СИСТЕМОТ ЗА ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА НА БИОМЕТРИСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА – „IMAGO“, кој се наоѓа во Секторот за информатичка технологија со кој раководи Началник и над него Помошник на Министерот❗
2️⃣ Второ, фактот што СИСТЕМОТ ЗА КРИМИНАЛИСТИЧКА ЕВИДЕНЦИЈА И РЕГИСТРАЦИЈА, кој по правило треба да е поврзан со Интерполската база на податоци е-ASF (Automatic search facility) НЕ Е ПОВРЗАН со Системот за персонализација „IMAGO“. Со други зборови, евиденциите за домашните и меѓународно бараните криминалци со сите нивни податоци (слики, физички и биометриски податоци) не се проверуваат кога „системот“ влегува во процедура за издавање на ПАТНА ИСПРАВА❗
3️⃣ Трето, фактот што СИСТЕМОТ ЗА КОНТРОЛА НА ПАТНИЦИ И ВОЗИЛА и управување со границите по ЕУ стандардите кој по правило ги прима сите барања за потерници од меѓународно и национално ниво не секогаш ги РЕГИСТРИРА ВЛЕЗОВИТЕ или ИЗЛЕЗИТЕ на лица барани по потерница. Со други зборови кажано, ако за барано лице во Италија не е доставен податок до нашиот систем за СТОП ЛИСТА преку меѓународна (Интерпол) или билатерална соработка за задржување, приведување или проследување, тогаш тоа може да влезе на наша територија❗
Кој ја прави проверката во овој СИСТЕМ и дали во него се става и одзема е друго прашање 🤔
🚩❎ Дали анти-системот има потреба управните служби да ги сведе на ниво на комунално претпријатие❓
Повозрасните припадници на МВР знаат да кажат дека, многу одамна управно-надзорните служби биле збир од искусни припадници на полицијата, добри познавачи на правото и управните постапки и луѓе со изразена безбедносна култура на кои ретко што и кој може да му помине позади врати и низ прсти.
Не дека во тоа време немало фалсификати и фалсификатори, но како што кажа еден почитуван судија: „Фалсификувани патни исправи имало и можело да се направат/набават на црниот пазар, но немало случај државата да се впушти во трговија со оргинални пасоши со украдени идентитети“ – Што е точно❗
Зошто управно – надзорните служби во МВР со кои раководат Началници и Помошник на Министерот во последниве 20 години, по квалитет на кадри и по барани квалификации за работно место се сведоа на ниво на комунално претпријатие во кое скоро и да не се бара познавање на некоја вештина и висок степен на образование❓
Ако се погледнат работните места и образовната квалификација тоа е очигледно.
Освен началничките и советничките места скоро и да нема работно место за кое се бара високо образование и посебни услови и вештини❗
🚩❗Во овие управно-надзорни служби за КОНТРОЛОРИТЕ (за патни исправи, за државјанства, за лични карти) кои излегоа НАЈОДГОВОРНИ во системскиот скандал со кражба на идентитети за патни исправи СЕ БАРА САМО СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ и основно познавање на работа со компјутери – ТОЛКУ❗
Дали оваа свесна кадровска саботажа е „рецептот на можности“ за провлекување на белосветските “зверки” низ ловната мрежа, пробивање и корумпирање на ситемот за контрола и безбедносна проверка на секој што става ракопис на образецот за барање за издавање на пасош⁉️
📣❗Не сум сигурна дека Секторот за управно надзорни работи при МВР е нај-најодговорниот сектор во оваа системска хаварија која ни ја подведува под знак прашалник визната либерализација што ја добивме со воведувањето на втората генерација парни исправи – биометрискиот пасош.
Само да се потсетиме дека, според традиционалната ранг листа на американската консултантска фирма „Хенли партнерс“ (Henley & Partners) според визните ограничувања на секоја држава посебно македонскиот пасош е на 46 место од рангирани 199 држави. На првите места на оваа ранг листа се Германија, Велика Британија, Финска, Шведска и САД.
После ова … ⁉️
📣 Утре ќе напишам кој е поодговорен од него и зошто, како и тоа кои податоци ги содржи ЧИПОТ ВО БИОМЕТРИСКИОТ ПАСОШ кој се отчитува на секоја гранична проверка❗
📣 ЧИПОТ и ТИЕ ШТО ЧИПИРААТ се клучот за тоа кој сака пропагандно ДА НЕ’ ЧИПИРА со тези за одговорност од типот „шоферот, портирот и секретарката“⁉️
До утре во 20.00 часот ❗
🙊🙉🙈
🎯 ЏАДИН ОД ЧАИР ДА МУ СЕ ИЗВИНИ НА СЕДАТ ВО АФРИКА И НА FUCKING "СИСТЕМОТ ЗА ЧИПИРАЊЕ" ВО РСМ‼
Да се јави Седат Пекер…
Posted by Frosina Remenski on Thursday, April 8, 2021