Агенцијата, цитирајќи неименувани извори, наведе дека организаторите планираат да резервираат цел хотел за позитивни спортисти на Ковид-19, што ќе биде лоциран неколку километри од олимпиското село. Резервацијата на хотелот и другите придружни трошоци ќе ги чинат организаторите неколку милиони долари.
Спортистите позитивни на коронавирус и другите учесници на Игрите на кои нема да им биде потребна болничка помош ќе останат во десетдневен карантин во хотелските соби, а медицински лица секојдневно ќе се грижат за нивното здравје.
Според претходно усвоениот протокол, олимпијците во Токио ќе се тестираат на Ковид-19 на секои четири дена.