Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека во периодот од 18.09.2025 (11:00 часот) до 19.09.2025 (11:00 часот) беа спроведени индикативни мерења на суспендирани цврсти честички со големина до 10 микрометри (PM₁₀), на мерното место во зоната на Трубарево.
Мерењата се извршени со автоматскиот систем AMBICON RTM–PM, нефлометар кој овозможува следење на концентрациите на честички во реално време, со селекција на фракцијата PM₁₀. За мониторинг беше користен инструмент ES-642, METONE, USA, сертифициран за индикативни мерења согласно MCERTS, UK.
Резултати од мерењата:
Просечна концентрација: 9.8 µg/m³
Максимална измерена вредност: 43.3 µg/m³
Моментална вредност: 8.2 µg/m³
Според добиените резултати, просечните концентрации на PM₁₀ честички се во рамките на дозволените граници и не е евидентирано надминување на граничните вредности.
Концентрациите се движат во рамките на 24-часовната гранична вредност за заштита на здравјето на луѓето, согласно Уредбата за гранични вредности за загадувачки супстанции во амбиентниот воздух („Службен весник на РМ“, бр. 183/17).
Министерството ќе продолжи со редовно следење на квалитетот на воздухот и навремено информирање на јавноста.