Рот, кој преку онлајн платформа се приклучи на состанокот „ЕУ-ЗБ по ерата по Ангела Меркел“ истакна дека иднината на сите „шест“ балкански земји е во ЕУ и тие држави имаат целосна поддршка од Германија и целата Унија во процесот на влез во ЕУ.
-Убеден сум дека сме на вистинскиот пат и Западен Балкан ја има и ќе ја има нашата посебна посветеност, истакна тој.
Тој потсети дека Германија, за да го поддржи процесот, кога не беше на високо место на агендата, го иницираше Берлинскиот процес и додаде дека целта се опипливи чекори што ќе ги почувствуваат граѓаните на Западен Балкан.
Во тој контекст, тој изрази задоволство од укинувањето на роамингот на Западен Балкан од 1 јули и дека придонесот за подобра соработка ќе го даде RYCO – Регионална канцеларија за млади, што е еден од видливите придонеси и „производи“ на Берлинскиот процес и преку училишни размени.
Тој изрази очекување дека наскоро граѓаните од регионот ќе можат да патуваат без лична карта. Рот потсети дека Конференцијата за мал Шенген се одржа вчера, беше најавена целосна поддршка за регионалниот заеднички пазар на Самитот во Берлинскиот процес, на 5 јули.
Исто така, Рот ја посочи ИПА 3 програмата и другите инвестиции, кои, како што рече, се издвојуваат покрај политичкиот и економскиот акцент на Западен Балкан