Соединетите Американски Држави се најголемиот снабдувач на Европската Унија со течен природен гас, додека увозот на руски енергенси значително се намалил, соопшти портпаролот на Европската комисија на денешната прес-конференција. Тој нагласи дека долгорочната цел на ЕУ е целосно да го прекине увозот на фосилни горива од Русија, јави БТА.

Според податоците што ги изнесе портпаролот, во 2022 година Русија обезбедувала 45 проценти од увозот на фосилни горива на ЕУ. Сега нејзиниот удел изнесува 12 проценти. Тој додаде дека Унијата ѝ плаќа значително помалку на Русија отколку во март 2022 година, кога почна руската инвазија врз Украина.

Портпаролот посочи дека увозот на руски фосилни горива сè уште не е целосно прекинат и дека засега е дозволен увоз на руски течен природен гас. Целосната забрана, како што рече, стапува во сила следната година.