САД испраќаат длабоко сочувство до народот на Европската Унија за починувањето на Давид Сасоли, претседател на Европскиот парламент.

-Претседателот Сасоли ќе биде запаметен како силен поддржувач на партнерството меѓу САД и ЕУ, како глас за демократијата и човековите права на глобално ниво, и застапник за Европска Унија која служи на своите граѓани и е посилна поради различностите, наведува портпаролот Нед Прајс.

Нашите мисли се со неговото семејството и саканите, се вели во соопштението од Стејт департментот.