Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден се санкционирани 293 пешаци од кои, 253 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, а 33 за минување на црвено светло.
– Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници, се наведува во соопштението на МВР.
За време на контролата регистрирани се и 146 останати прекршоци.