Тој се соочува со потенцијална затворска казна. На судењето во Париз, обвинителството побара шест месеци затвор за Саркози.

На судењето, Саркози ги отфрли тие обвинувања, тврдејќи дека трошоците не се негова одговорност, додека обвинителите тврдат дека партијата на Саркози потрошила речиси двојно повеќе од 22,5 милиони евра дозволени со закон.

Саркози беше осуден на три години затвор пред седум месеци за корупција и трговија со влијанија. Судот потоа одлучи дека тој ќе оди во затвор една година, со дополнителна двегодишна условна казна.

Судијата тогаш рече дека Саркози „го искористил статусот на поранешниот француски претседател“ во „особено сериозен“ чин на стореното дело.

Саркози, кој беше претседател од 2007 до 2012 година, цврсто ги негираше сите обвинувања за време на десетдневното судење кон крајот на минатата година.

Поранешниот претседател, 66-годишниот Саркози, беше осуден по обвинувањата дека незаконски се обидел да добие информација од висок судија во 2014 година за правната процедура во која бил вклучен.

Обвинителството побара четири години затвор, од кои две условни, за Саркози и двајца други обвинети во истиот случај – поранешниот судија Жилберт Азибер и поранешниот адвокат на Саркози, Тиери Ерзог.

Пред Саркози, чие судење се смета за преседан во Франција, друг поранешен претседател се соочи со судење по напуштањето на функцијата. Тоа е Жак Ширак кому му се суди за проневера, но не за време на претседателскиот мандат, туку додека беше градоначалник на Париз.

– Немаше договор ниту пак планирав такво нешто. Сакам да се ослободам од таа дамка, рече Саркози за време на судењето и истакна дека „се уште има доверба“ во правдата на неговата земја.

Саркози се повлече од активната политика кога неговата конзервативна партија не го избра за претседателски кандидат за изборите во 2017 година, на кои победи Емануел Макрон.