Пред точно три години на овој ден, Собранието со огромно мнозинство го ратификуваше Северноатлантскиот договор со кој нашата држава стана дел од НАТО – најголемиот воено безбедносен сојуз.
Денес, кога Европа сведочи на руската агресија врз суверена држава како Украина, јасно е колку е важно што сме една од триесетте држави членки на НАТО чија безбедност и територијален интегритет се силно заштитени.
Пред точно три години само заложникот на Димитар Апасиев и пионот на Никола Груевски, не смогна сили да честита на историскиот успех.
Додека цела сала во Собранието аплаудираше и честиташе на ретификацијата на Северноатлантскиот договор, Мицкоски си ги креваше пантолоните и го месетеше каишот, неможејќи да се помири со успехот на државата.
И до ден денеска Мицкоски молчи за овој успех и не само што не успеа да честита, туку уште повеќе посветено работи против европската агенда на државата.
Мицкоски исто како неговиот ментор Груевски работи против интересите на граѓаните и на државата.