Теренска и штабска работа, постапки за кандидирање за советници и самокандидирање за градоначалници, како и овластување за лидерот на партијат да ги продолжи разговорите со сите партии з евентуални изборни коалицирања, се точките за кои се разговарало на состанкот на ЦО на владејачката партија.
– Од 10 јуни и во текот на јули ќе одржиме околу 250 маалски и урбани средби со претставници на раководството, партиските избрани и именувани функционери, пратеници, со граѓаните насекаде ширум државата, дополнителни 750 средби на локално ниво, 15 трибини, а продолжуваме и во втората половина на август. Преку средбите со граѓаните ќе дадеме отчет за сработеното на локално ниво, но и на централно ниво во секоја општина, да ги прашаме граѓаните од што се задоволни, што да се промени и да се стави акцент, што да се направи пред изборите, и она што треба да се внесе во изборните програми за локалене развој и подобар квалитет на животот во општината, рече Николовски по седницата.
Караванот граѓански трибини „Најдоброто за нашата општина“ започнува во петок, на 11 јуни, од главниот град, Скопје.
Исто така, во партијата започнува внатрепартиска постапка за избор на кандидати за советници и градоначалници.
Во критериумите кои ги одредил вечерва Централниот одбор се: кредибилитетот на секој кандидат, угледот, авторитетот, чесноста, посветеноста, капацитетот и визијата за развој на општината. Од секој кандидат ќе се бара изработка и доставување на детална програма со предлог идеи, проекти и визија за развој на општината или градот Скопје за периодот 2021-2025 година.
– Поделени во области, каде се опфатени столбови согласно централните политики на СДСМ за заштита на животната средина, локален економски развој, трансперентност, отчетност, за развој на спортот, културата, инфраструктурата, за подобар живот во секое населено место. Почитувањето на Етичкиот кодекс е исто така вредност којашто особено ќе се цени, рече Николовски.
За листите за советници ќе важи застапеност на двата пола со 50%, најмалку 33% млади и концептот едно општество за сите.
Во текот на јуни ќе биде објаве повик за самокандидирање на кандидати за градоначалници.
Одговарајќи на новинарско прашање за можни коалиции, Николовски рече дека на ЦО се зборувало за ова како посебна точка, при што донесена е одлука да го овласти претседателот на партијата да продолжи со разговори во периодот што следи.
– Отворени сме за соработка со сите политички субјекти и верувам дека повторно ќе излеземе со најголема и најразнолика коалиција. Претсе ќе ги продолжи разговорите со ДУИ и останатите политички субјекти кои се надвор од владејачката коалиција и се надеваме дека ќе имаме унифициран и синхронизиран настап, рече Николовски.
Се разговара со, како што рече, сите кои биле партнери и застанаа за агендата за интеграција и еконоски развој на земјата. Вечерва се разговарало за тоа каде вво пр, а каде во втор круг ќе има изборно коалицирање, а утре продолжуваат разговорите за Изборниот законик.