СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ш.И.(33) и Б.Ш.(27) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

Второпријавениот, на барање на првопријавениот и по претходен договор, на 08.12.2021 околу 18.00 часот, намерно предизвикал пожар на патничко возило „фиат“.